Малата Талија Џој Кастељано (13), која преку своите видео снимки на „Јутјуб“ инспирираше милиони луѓе ширум светот, почина вчера по долгата борба со канцер.
Кога минатото лето лекарите на маладата Талија и соопштија дека и остана уште најмногу година дена живот, таа не очајуваше.
На својот „Јутјуб канал“ секојдневно поставуваше видео снимки на кои делеше совети за шминкање, но и борба против болеста, која што самата ја водеше.
Милиони луѓе од целиот свет и праќа пораки за поддршка и воодушевено ги следеа нејзините чекори.
-Сета поддршка која што ја добивам ми зборува дека ги инспирирам луѓето и дека не треба да се откажам. Тоа ве тера да застанете и да се запрашате колку луѓе ве сакаат. Треба да знаете дека никогаш не сте сами-рече таа во едно интервју, минатиот август.
Нејзините фотографии се најдоа на многу насловни страни на различни светски списанија, бидејќи уредниците сакаа да и одадат почит за тоа што го направи.
-За стотина години сакам да ме паметат како среќно девојче кое што сакаше да направи нешто, по повод проблемот на децата заболени од кацер-изјави таа во видео интервју за „The Truth 365”.
Елена Георгиевска