ВИДЕО: Овца со посебни потреби од Крит заминува на специјална фарма во Холандија

Од:

Несекојдневна патничка леташе со редовната линија од градот Ираклио на грчкиот остров Крит за Атина.

Станува збор две години стара овца-инвалид, која заминува за Холандија во специјална фарма што се грижи за животни со слични проблеми.

Овцата Јанула, што се движи со специјално направено помошно средство со две тркала, по големите бирократски тешкотии и пречки ќе стигне до крајната дестинација.

Според информациите, авиокомпанијата „Егеан Ерлајнс“ прифатила овцата сместена во специјална дрвена кутија, во неделата бесплатно да лета за Атина, додека пак грчкото Министерство за земјоделство и Ветеринарната служба од Крит ги издале сите потребни дозволи за Јанула да стигне во Холандија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во истиот авион со овцата, биле и Ники Манолаки и Андреас Георгопулос кои изминатите две години ја чувале во нивниот дом, се грижеле за неа и направиле се таа да замине за холандската фарма.

За грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“, тие раскажуваат дека овцата ја нашол Георгопулос пред две години, во декември, на планината Псилоритис на Крит, додека се враќал од планинарење.

– Беше удрена, можеби и родена со хендикеп и не можеше да го следи стадото, кое ја напуштило. Се влечеше сама по замрзнатиот пат и решив да ја ставам во автомобилот, раскажува Андреас Георгопулос.

Двајцата млади и пружиле нега на овцата, направиле специјално помагало со две тркала за да може да се движи и ја чувале во нивниот дом, но им било јасно дека е потребно да замине во специјално прилагодена средина, каква што не можеле да најдат во Грција, но пронашле во Холандија.

– Многу сме среќни што ќе се најде во средина што ја заслужува, многу се приврзавме со неа, а веруваме и таа со нас. Но, сигурно ќе и биде подобро на фармата во Холандија, вели Ники Манолаки за „Ефимерида тон синдактон“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Овчар со стадо овци останал заробен среде вода откако надошла Црна Река во Тиквешко

Орце Костов