Оваа година на стрминиг платформата Нетфликс доаѓа серијата Берлин, продолжеток на на големиот хит La Casa de Papel.
Големиот успех на оригиналната серија беше проследен со корејски спин-оф, а сега Нетфликс продолжува со слична содржина.
Затоа, серијата е предпродолжение на оригиналот и треба да го следи ликот на Андрес де Фонолос, крадецот со прекар Берлин. Трејлерот за серијата е објавен и не е откриено многу за самиот заплет. Се гледаат главните ликови на новиот грабеж и јасно е дека заплетот е сместен во Париз.
Бидејќи серијата е насловена Берлин, фановите и гледачите можат да очекуваат повеќе информации за тој лик наво новото продолжение. Главната улога ја толкува Педро Алонсо, кој исто така го толкуваше истиот лик во оригиналната серија. Сепак, се чини дека гледачите ќе мора да почекаат до пристигнувањето на серијата. Нетфликс објави дека Берлин ќе се емитува во декември оваа година.