Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Од:

Патрик Шварценегер (31), син на Арнолд Шварценегер, имаше провокативна улога во третата сезона од серијата „Белиот лотос“, која премиерно ќе биде прикажана во недела на 16 февруари.

Секоја сезона од оваа серија наградена со Еми следи различни ликови на богати и незадоволни луѓе на одмор во ексклузивните одморалишта на измислениот синџир White Lotus.

Имено, во новата сезона сместена во Тајланд, Шварценегер го игра ликот на Саксон, типичен млад човек од колеџ братство кој доаѓа на одмор во потрага по летна романса.

Неговата улога вклучува сцени во кои е без облека, а за време на неодамнешната прес-конференција во Лос Анџелес, во хотелот Four Seasons, Патрик ги сподели своите чувства за тоа како би било да се гледаат тие сцени во друштво на неговото семејство.

„Ќе има неколку незгодни моменти и сцени кои ќе биде малку чудно да се гледаат со семејството. Тие немаат поим што следува понатаму во серијата“, рече тој.

Патрик, исто така, откри дека, додека гледа епизоди со своето семејство во недела навечер, најверојатно ќе паузира од време на време.

„Ќе има моменти кога ќе одам во тоалет додека семејството го гледа шоуто“, рече тој низ смеа.

За претстојните сцени во кои тој се појавува без облека, тој додаде: „Можеби нема да ја гледам таа епизода со семејството, сè уште не сум сигурен. Но, сигурен сум дека сите се возбудени“.

Таткото на Патрик, актерската легенда Арнолд Шварценегер и мајката Марија Шрајв, заедно со неговата сестра Кетрин, која е во брак со актерот Крис Прат, присуствуваа на премиерата на третата сезона од серијата „Белиот лотос“ за да го поддржат Патрик во неговата нова актерска авантура.

Би можело да ве интересира

Огромен интерес за мастеркласот на Драган Бјелогрлиќ на Скопје Филм Фестивал 2026

Итно огласување на Ава Карабатиќ по вестите дека се фрлила од тераса: „Добра сум…“

Предраг Петровиќ

Го прашала ChatGPT за лек, го следела советот и починала: Родителите ја тужат компанијата OpenAI

Предраг Петровиќ

KORPA ПРВА ОНЛАЈН ПЛАТФОРМА ВО МАКЕДОНИЈА КOJA ВОВЕДЕ ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ APPLE PAY И GOOGLE PAY

Предраг Петровиќ

А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра