ВИДЕО: На Нетфликс стигна „Берлин“, што велат фановите

Од:

Берлин, долгоочекуваниот приквел на шпанската хит серија La Casa De Papel, пристигна на NETFLIX, а првите реакции на гледачите се ветувачки.

Сезоната на една од најпопуларните серии на Нетфликс го следи Берлин, миленикот на обожавателите и постар брат на Професорот. Во новата серија Берлин е на врвот на својата криминална кариера и се уште не знае дека има рак. Познатиот разбојник и неговиот тим се подготвуваат за голем грабеж на накит во Париз, вреден 44 милиони евра.

Креаторот на La Case de Papel Алекс Пина и Естер Мартинез Лобато работеа на серијата. Главните улоги ги толкуваат Педро Алонсо, Тристан Улоа, Мишел Џенер, Бегоња Варгас, Хулио Пења Фернандез, Џоел Санчез и Марија Изабел Родригез.

Првите реакции на гледачите на Берлин ветуваат, но серијата не успеа да ги избегне негативните коментари на социјалните мрежи.

„Само го гледав шоуто до крај. Ова е ремек-дело. Многу луѓе го потценија, вклучително и мене, но ова е најдобриот приквел што можеа да го смислат и веќе има навестувања за втора сезона“, напиша еден воодушевен навивач.

„Берлин го сметам за поинтересен и поинтригантен од La Case De Papel“, напиша друг.

Сепак, некои гледачи беа понегативни во критиките. “Се чувствувам како да гледам сапунска опера со грабеж, посипана со мачизам. Избегнувајте”, рекол еден фан на Редит, додека друг додал: “Ова е толку глупаво. Убија лик, а потоа сфатија дека е омилен на обожавателите, па сега сакаат да ребрендираат мртовец“.

Берлин моментално има оцена од 7,7 на IMDb и 85% оценка на публиката на Rotten Tomatoes.

Би можело да ве интересира

Најгледан акционен филм на Нетфликс во моментов е „Срце од камен“

Предраг Петровиќ

Клеопатра како црнка предизвика хаос: Повици да се блокира Нетфликс во Египет

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Најпопуларни на Нетфликс: 15 најдобро оценети нови филмови

Предраг Петровиќ

Морничава приказна за семејството кое исчезна во една вечер во Франција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Најпопуларна серија на Нетфликс-64 милиони луѓе ја гледаа новата сезона

ВИДЕО: Објавен датумот на премиерата на продолжението на La Casa de Papel