Најгледан акционен филм на Нетфликс во моментов е „Срце од камен“

Од:

Акциониот трилер „Срцето од камен“ моментално е хит меѓу гледачите на Нетфликс.

Филмот беше објавен на 11 август на стриминг платформата, а Нетфликс објави дека трилерот имал 33,1 милиони часови гледаност. Моментално е најгледаниот филм на Нетфликс.

Филмот го режираше Том Харпер, кој работеше на серијата Peaky Blinders, додека сценариото го напишаа Грег Рука и Алисон Шредер. Во филмот, Гал Гадот ја играше Рејчел Стоун, хакерка која работи за Тајната разузнавачка служба (МИ6), а нејзиниот тим се состои од агентите Паркер (Џејми Дорнан), Јанг (Џинг Луси) и Бејли (Пол Реди).

Но, она што МИ6 не го знае е дека Стоун е шпион кој работи за тајна организација наречена Повелба. Тие се опишани во трејлерот како „највештите агенти – без политичка припадност, без националност – кои работат заедно за да го одржат мирот во турбулентниот свет“. За да ги постигнат своите возвишени цели, овие агенти се потпираат на уникатна алатка наречена Срце.

Срце е најмоќната вештачка интелигенција на светот, способна да ја следи целата онлајн историја на една личност и потоа да ги користи тие податоци за да предвиди што би можеле да прават во иднина. Срцето може да советува за одговорите на потенцијалните глобални закани, па дури и да даде шанси за успех во нивното неутрализирање. Се разбира, Срцето може да се злоупотреби, како што се гледа во неколку сцени во филмот.

Иако трејлерот привлече големо внимание по објавувањето, тој е најгледан на Нетфликс, има оцена 5,7 на IMDb. На веб-страницата Rotten Tomatoes, критичарите му дадоа оценка на филмот од 32 отсто, додека публиката 61 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Нетфликс стигна „Берлин“, што велат фановите

Катерина Ѓуровски

Клеопатра како црнка предизвика хаос: Повици да се блокира Нетфликс во Египет

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Најпопуларни на Нетфликс: 15 најдобро оценети нови филмови

Предраг Петровиќ

Морничава приказна за семејството кое исчезна во една вечер во Франција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Најпопуларна серија на Нетфликс-64 милиони луѓе ја гледаа новата сезона

(ВИДЕО) Објавен трејлерот на филмот за Мерлин Монро: „Нераскажан поглед за нејзиниот живот“

Предраг Петровиќ