ВИДЕО: Нова теорија: „Титаник“ сепак не потонал поради удар во санта

Од:

Се појави нова теорија за еден од најтрагичните бродоломи – потонувањето на „Титаник“.

Најновите докази укажуваат дека „главниот виновник“ бил пожар во задниот дел на бродот, за кој научниците тврдат дека тлеел три недели пред ударот.

Новинарот Сенан Молони, поминал повеќе од 30 години во истражување на несреќата на „Титаник“.

Проучувајќи ги старите фотографии, кои ги направиле бродските инженери пред бродот да го напушти бродоградилиштето во Белфаст, воочил десетметарски црни дамки на предната десна страна на бродот, точно над местото, каде пробила сантата.

Експертите потврдиле дека темните дамки најверојатно се создадени од пожар во трикатниот резервоар за гориво, кој бил сместен зад еден од котлите.

Екипа од 12 лица пробувала да го изгаснат пожарот, кој почнал премногу да беснее за да може да се стави под контрола, со температура што достигнала 1.000 степени Целзиусови, пишува „Индепендент“.

Според новата теорија, поради долготрајната изложеност на висока температура, градбата на бродот доволно ослабнала со што со ударот во сантата „Титаник“ се распарчил и потонал на дното на океанот.

Над 1.500 луѓе загинаа во април 1912 година, откако „Титаник“ исчезнал во длабочините на патот од Саутемптон кон Њујорк.

Со години се веруваше дека бродоломот се случил поради удар во санта.

Новата теорија целосно го менува погледот кон една од најславните водени несреќи, која и ден денес е тема на бројни расправи.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески