Во центарот на Белград денеска по 15-ти пат се одржа масовна венчавка – „Свадба за мечтаење“, на која во брак стапија рекорден број на двојки – 222.
Двојки од сите краеви на Србија, но и од САД, Канада, Австрија и поранешните југословенски републики, се одлучија да го кажат судбинското „да“ пред Стариот дворец.
Манифестацијата традиционално се одржува под покровителство на Собранието на градот Белград, а на младенците среќа им посака и градоначалникот на Белград Драган Ѓилас.
Претседателот на организацискиот одбор Милан Кркобабиќ истакна дека оваа манифестација претставува важен настан за градот и дека ова е „најголемата српска свадба“.