ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Кинески јутјубер си ја снимил сопствената смрт

Од:

Дваесетгодишната кинеска ЈуТјуб ѕвезда Ву Јонгнинг настрада откако падна од врвот на 62-катна зграда.

Јонгнинг се обидуваше да изведе акробација на кровот на зградата, но изгуби контрола и падна. Телото го пронашол чистач на прозори, а несреќниот случај беше снимен од камерата која што Кинезот ја поставил на соседната зграда за да се снима.

Тој беше познат по снимањето на опасни видеа на големи височини, а ова требаше да биде уште едно од таквите видеа.

Смртта ја потврди и неговата девојка која што раскажа дека планирале свадба и дека со заработката од видеото кое што тогаш го снимал, Јонгнинг планирал да купи поклон за нејзините родители.

Интернет ѕвездата починал пред еден месец, но во јавноста беше објавено неодамна.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он