Првиот електричен комерцијален авион, односно хидроавион на електричен погон на канадската компанија, „Харбор Ер“, настана во соработка со компанијата „магниКС“, во вторникот влезе во авијациската историја, успешно заминувајќи од Ванкувер со шест патници на краток четириминутен тест лет.
„Харбор Ер“ со седиште во Ванкувер, која се рекламира како најголема авиокомпанија за хидроавиони во Северна Америка, и произведувач на електрични погонски состави со седиште во Сиетл и „магниКС“, тестираа патнички авион за шест патници на реката Фрејзер ви близина на Ричмонд.
Жолтото летало со моќност од 750 коњски сили беше пилотиран од извршниот директор и основач на „Харбор Ер“, Грег Мекдугал.
„Денеска испишавме историја“, изјави Мекдугал.
Канада има исклучителна улога во историјата на авијацијата и денес можеме да бидеме горди на пресвртницата на која сме сведоци затоа што овој лет означува почеток на нова ера во авијацијата, рече тој.
Раководството на австралиската компанија „магниКС“, која воведе нов погонски систем на саемот за автомобили во Париз претходно оваа година, вели дека нејзините инженери го дизајнирале погонскиот систем за да обезбедат „чист и ефикасен начин за напојување на авиони со погонско гориво“.
Тест-летот е првиот чекор за добивање на сертификат за електричен авион за комерцијална употреба, се вели во заедничката изјава на двете компании, додавајќи дека тоа е во исто време и првиот чекор во градењето на „првата светска комерцијална флота на електрични авиони“.
„Харбор Ер“ се надева дека ќе може да ја формира целата флота до 2022 година, под услов нивната безбедност да биде загарантирана и да се добијат сите регулаторни одобренија.
Преминувањето на електричен погон во воздушниот сообраќај може да придонесе за намалување на емисијата на јаглерод, еден од најголемите загадувачи.
Неколку големи компании работат на развој на електрични авиони, вклучувајќи ги „Боинг“ и „Ербас“.