Интернет страницата за споделување музика „ЈуТјуб“ најави дека од идната недела конечно ќе почне со функција новиот музички сервис под името „ЈуТјуб Мјузик Ки“.
Сервисот е наменет првенствено за мобилни уреди, а според „ЈуТјуб“ претставува одговор на некои од најчестите прашања од корисниците за тоа кога музиката ќе може да се слуша без реклами или без интернет конекција.
Месечната претплата за новиот премиум сервис од ЈуТјуб ќе изнесува 9,99 долари, а за време на бета периодот 7,99 долари. Со месечната пертплата се добива и пристап до Гугл Плеј Мјузик со 30 милиони песни.
ЈуТјуб музичкиот сервис ќе овозможи корисниците без проблеми да слушаат цели албуми, дискографии, лесно да пронаоѓаат песни, а наскоро и гледаат официјални спотови за истите.