ВИДЕО: Илон Маск го претстави леталото за меѓупланетарни патувања

Од:

Илон Маск го откри протипот на новата ракета која е дизајнирана да носи екипаж и товар до Месечината, Марс или на кое било друго место во Сончевиот систем и да слета на Земјата, пренесува Асошиејтед Прес.

Илон Маск го претстави леталото во живо од центарот за лансирање на „SpaceX“ во Тексас. Тој очекува првиот пробен лет да биде изведен за еден до два месеци.

Како и другите ракети на SpaceX, Старшип ќе може да се слетува откако ќе патува во вселената. Но, тоа како се враќа на Земјата е сосема поинаку. Откако ќе ја пробие атмосферата леталото ќе се исправи непосредно пред слетувањето.

Компанијата „Спејс Икс“ на „Твитер“ објави дека на долго меѓупланетарно патување во вселената во догледно време, би можеле да полетаат до стотина луѓе.

Би можело да ве интересира

Путин ја прогласи 2021 за година на науката и технологиите во Русија

Жарко Настоски

Кина ќе го зголеми вложувањето во технологија за да постигне повисок раст

Жарко Настоски

Гугл: Андроид телефоните ќе ги предупредуваат корисниците при појава на земјотрес

А1он

Компанијата на Илон Маск развива мозочен чип кој ќе може да го промени нашето расположение

А1он

5G технологијата станува реалност, Кина ќе изгради повеќе од 600 илјади базни станици до крајот на годината

А1он

Сони го објави датумот за презентација на новитетите на „PlayStation 5“

А1он