Ватсап подготвува можност за бришење на испратени пораки

Од:

На сите барем еднаш ни се случило, под дејство на малку алкохол, при лошо расположение или по грешка да испратиме порака, слика или видео, кои би сакале да ги повлечеме веќе во следната секунда по испраќањето.

За жал, досега не постоеше опција за повлекување на порака.

Имено, ако ја испратите пораката можете да ја избришете од својата апликација или инбокс, но лицето на кому сте му ја испратиле ќе може да ја проичита.

Но, стигнуваат најави дека постои можност во блиска иднина ова да се промени.

На Твитер профилот Вабетакинфо е објавено дека Ватсап ја тестира можноста за воведување опција за бришење на испратени пораки.

Според најавите, со оваа опција лицето од друга страна на четот ќе види дека сте повлекле порака, но не и нејзината содржина.

Би можело да ве интересира

Падна Ватсап, милијарди корисници не можат да праќаат пораки

Ана Ололовска

Телеграм го надмина Вотс ап според бројот на корисници во Русија

А1он

Услугите на ВатсАп во прекин

А1он

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска