Утре на Школка – Кино на отворено со Скопје ЗОО

Од:

В понеделник, од 18:30 часот во организација на Зоолошка градина – Скопје ќе се одржи бесплатна проекција на анимиран филм за деца во Градскиот парк (Школка).

Настанот ќе се одвива според здравствени протоколи, влезот е бесплатен, а пред Школка ќе бидат поставени столчиња од каде што безбедно ќе може да се следи филмот.

„Во соработка со MFC MK, за вас го подготвивме возбудливиот анимиран филм „Тајниот агент Мјау“. Во оваа авантура главна улога има размазената мачка Марни која живее како принцеза, а нејзината сопственичка Розалинда ја размазува како дете. По наредба на злобниот брат на Розалинда, Марни е оставена во непознат свет, каде запознава нови другари и тука започнува нејзиното патешествие да се врати дома. Филмот е базиран на приказна од браќата Грим“, најавуваат организаторите.

Би можело да ве интересира

Жирафата Флопи починала како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови

Се чекаат резултатите од обдукцијата за причината на смртта на жирафата Флопи

Катерина Ѓуровски

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

Credissimo со донација за ЗОО Скопје, обновени информативните таблички за животните

Новиот директор на ЗОО тврди: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа