Се чекаат резултатите од обдукцијата за причината на смртта на жирафата Флопи

Од:

Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега зоонегувател Ристе Трајковски. Ристе беше вреден работник, омилен меѓу животните, а неговите фотографии за поврзаноста со жирафите го обиколија светот велат од Зоолоштката градина Скопје по смртта на нивниот вработен и колега.

– Нека ти е светол патот, почивај во мир колега и сочувство до семејството од целиот тим на Зоолошка градина Скопје.
За трагедијата да биде уште поголема, околу 16:00, го загубивме и нашиот Флопи- една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе. Вработените дадоа се од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе Ве молиме да го имате предвид тагувањето на сите вработени во овој момент, ова е голема трагедија и шок за сите нас. Законските процедури и постапки се запазени и се во тек, штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност, се вели во соопштението од ЗОО Скопје.

Би можело да ве интересира

Жирафата Флопи починала како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Се укажува на можноста вработени сами намерно да одлучиле да ги убијат животните во Зоолошката

Кирков: Данела Арсовска да ги прекине скапите прошетки и да одговори за поморот на животни во Зоолошката градина

Угинаа два коња во скопската Зоолошка, пријавен е сомнеж за труење

Скопје добива нова ботаничка градина во Зоолошката градина

Ана Ололовска