ЗОО Скопје: Волк е животното заловено во Козле, не е куче

Од:

„По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец“ соопштија на Фејсбук попладнево од скопската Зоолошка градина.

Од таму велат „Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го потврдија“.

„Животното не е чипирано, измерено е дека тежи околу 25 килограми, а од страна на стручните служби беше земена и крв за биохемиска анализа и дополнителни испитувања. Волкот е млад, но неухранет и недоволно развиен за својата возраст. Во ЗОО Скопје денес излегоа и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои исто така се уверени дека станува збор за волк ( Canis lupus). Дополнително, контактирани се и експерти и институции од повеќе европски центри и резервати за волци, со цел да се добие и меѓународна потврда и стручно мислење“ се вели во соопштението од ЗОО Скопје.

Од таму апелираа до јавноста „да не се шират шпекулации и дезинформаци, туку сите заедно повеќе да работиме на едукација дека диви животни не се чуваат како домашни миленичиња на ланец“.

„Скопје ЗОО ќе продолжи внимателно да ги следи здравствената состојба и однесувањето на животното и ќе ја информира јавноста за сите понатамошни информации“ стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Заловен волк во населбата Козле, бил чуван како домашен миленик

Горан Наумовски

Посетители во Зоолошка украле дел од подароците на мајмунот Мики

Катерина Ѓуровски

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Волк избега од зоолошка градина во Токио

А1он

Изгоре куќа во скопско Козле

На плажа во Грција, девојче од Србија нападнато од волк: „Ја закачи со шепата“