Хотелот „Пулицер“ што се наоѓа во елитниот дел на Амстердам всушност претставува комплекс од 25 меѓусебно поврзани куќи, кои датираат од 17. и 18. век. Неодамна тие беа реновирани и редизајнирани во нов, уникатен хотел.
Со своите 225 луксузни соби и апартмани, со понудите за незаборавно пловење со чамци по прочуените водни канали околу и меѓу куќите, но и бројни други рекреации, овој хотел, кој е единствен од ваков тип, успева да го спои традиционалниот со модерниот холандски дизајн.
Освен најсовремените средства и рекреативни активности, гостите ќе уживаат во класичната холандска кујна, додека пак, во лобито ги очекува „кафе пауза“ пред да го искусат ноќниот живот во Пулицер барот или, пак, некаде надвор од комплексот.