Украинците Калуш оркестар со ултиматум да се „исчисти“ сцената од Руси, од Егзит ги одбија

Од:

Победниците на овогодинешното издание на Евровизија Калуш Оркестар од Украина поставија ултиматум до организаторите на фестивалот Sea Dance заканувајќи дека ќе го откажат учеството доколку на истиот настан настапи и диџејката Нина Кравиц, која по потекло е од Русија. Во официјалното соопштение, организаторите му одговорија на Калуш Оркестар и изјавија дека откажувањето на настапот на кој било изведувач исклучиво врз основа на националност, раса или религија е спротивно на вредностите за кои тие се залагаат. Организаторите порачаа и дека немаат намера да го откажат настапот на Нина Кравиц, а Калуш Оркестар повикаа на „чистење“ на сцената од Руси.

“Поздрав до сите. Во суштина, требаше да настапиме на фестивал, но ставија некоја руска пејачка и тоа е катастрофа. Веќе му пишавме на организаторот да ја отстрани. А ако не успее, тогаш се разбира дека нема да настапиме таму. И сакаме да ве замолиме сите заедно да напишеме дека таа мора да замине од таму и дека таму настапува само нормална екипа. Сите пишуваме овде“, порачаа од Калуш Оркестар во видеото објавено на официјалната Инстаграм страница.

Калуш Оркестар требаше да настапат оваа година и на Егзит, но нивното учество беше откажано десет дена пред почетокот на фестивалот поради „околности надвор од контрола на фестивалот, бендот и нивните членови“.

Комуналните служби во деновите доддека беше на Егзит беа зафатени со чистење на графити со буквата „З“ што се појавија на улиците на Нови Сад, а некои мислеа дека Калуш Оркестар сепак ќе се појават на бината на Егзит како специјални гости. Кога тоа не се случи, социјалните мрежи беа преплавени со коментари воодушевени поради откажувањето на настапот, статуси како „Zexit, а што! Браво, Нови Саде, браво!“, а на улиците на Нови Сад се забележаа транспаренти со поддршка за Русија.

„Мисијата на Sea Dance фестивалот, како и сите настани на EXIT, отсекогаш била промоција на мирот, единството, љубовта, мултикултурализмот и соработката. Поради непријатното минато кое, за жал, го делат југословенските народи, многу добро знаеме што носат војните со себе, и дека во нив секогаш најмногу страдаат невини луѓе. Силно сочувствуваме со сите жртви на војната во Украина, но откажувањето на настапот на кој било изведувач исклучиво врз основа на националност, раса или религија е спротивно на вредностите за кои се залага Sea Dance Festival.

По повод објавата на Калуш Оркестар на нивниот Инстаграм профил, ја информираме јавноста дека Sea Dance festival најостро ја осудува руската инвазија во Украина, како и секоја употреба на вооружена сила и воени настани насекаде во светот. Сметаме дека секој напад врз животите на невините луѓе го попречува напредокот на целото човештво и дека воената агресија нема место во модерното цивилизирано општество. Го осудуваме и лицемерието на западната јавност која изгледа дури сега сфати дека војната е страшна работа, додека молчи кога во нивно име се започнаа бројни војни ширум светот.

Не толку одамна бевме бомбардирани и од некои од најмоќните земји во светот, додека цивилните жртви, вклучително и децата, беа нарекувани „случајни жртви“ на воената интервенција, е дел од реакцијата на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ