Украден калиграфски свиток, којшто му припаѓал на лидерот на Кинеската комунистичка партија – Мао Це Тунг, е пронајден во Хонг Конг.
Артефакот е вреден милион долари, а бил најден пресечен на половина.
Stolen Mao Zedong scroll worth millions found cut in half https://t.co/z3Moe18KeG
— BBC News (World) (@BBCWorld) October 8, 2020
Свитокот беше украден минатиот месец кога натрапници упаднале во куќата на колекционерот. Според полициските извештаи, тие потоа, со намера да го продаваат „по делови“, го пресекле на половина.
Сопственикот вели дека тоа дефинитивно влијае на вредноста на уметничкото дело.
Свитокот првично бил долг 2,8 метри. Инаку, на него се напишани песни од основачот на Народна Република Кина.