Уапсен напаѓачот на пејачката Бебе Реџа-откри зошто ја удрил со телефонот во глава

Од:

Бебе Реџа се здоби со повреди на лицето и главата откако беше удирана со телефон на концертот во Њујорк на 18 јуни. Николас Малавања од Њу Џерси беше уапсен и обвинет за нападот.

Пејачката со албанско потекло вчера на социјалните мрежи покажа со какви повреди се здобила. Таа заврши со копци на главата лицето, а Николас Малавања набрзо беше уапсен откако ја удри пејачката со мобилен телефон во лицето на нејзиниот настап.

Истрагата на њујоршката полиција „утврди дека 27-годишен маж намерно го фрлил телефонот“ кон 33 годишната пејачка на која ѝ беше укажана помош и беше пренесена во локалната болница. Доби неколку копци на главата, дознава „Ролинг Стоун“.

Според канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Малавања не само што признал дека го фрлил телефонот, тој исто така изјави: „Се обидував да видам дали можам да ја удрам со телефон на крајот од концертот бидејќи тоа би било забавно“.

Моментот кога пејачката ја удри телефонот е снимен на камера, а видеото е објавено на Твитер.

Инцидентот се случи при крајот на настапот, а концертот нагло беше прекинат.

Бебе Реџа неодамна зборуваше за „Ролинг Стоун“ за новиот албум и истакна дека нејзините обожаватели ја убедиле да вклучи песна на албумот што стана хит на Тикток.

„Малку ме малтретираат, но јас ги сакам“, рече тогаш таа.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ги спаси сендвичот од детето-семејство на одмор нападнато од слон

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Прозорец од 21 кат падна врз мајка и бебе во количка

Предраг Петровиќ

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено