Твитер го прослави седмиот роденден со 200 милиони корисници

Од:

Популарната социјална мрежа „Твитер“ го прослави седмиот роденден со 200 милиони корисници ширум светот, кои сега секојдневно испраќаат во просек по 400 милиони кратки пораки или „твитови“.

Овој сервис, кој своевремено се викаше „stat.us“, а потоа „twittr“ го лансираше во 2006 година американскиот бизнисмен Џек Дорси, кој, како што вели, бил инспириран од блог сервисот „Лајв џурнал“, на кој му пристапил во 2000 година, а следните шест години работел на идејата за уште „подинамичен“ дневник, во реално време, пренесува Би-Би-Си.

Сега Твитер се користи заради различни кампањи, за споделување информации и дискусија, за собирање парични средства, за да понудат брак, да оспорат власт или да влезат во живот на тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер, кој на оваа мрежа има дури 36 милиони следбеници.

Пораката која се остава на Твитер не смее да содржи повеќе од 140 букви, вклучувајќи и веб адреса, кориснички имиња и зборови пред кои е симболот тараба. (#).

Околу 40 отсто од твитерашите оваа платформа ја користи за да ги следат информациите кои ги интересираат, а не за самите да пишуваат пораки, поради што и претставува вистинска револуција, бидејќи на корисниците им дава голема моќ – не само поради она што имаат да го кажат, туку и поради луѓето кои до тоа можат да дојдат.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски