Трамп: Не е лесно да направиш Леброн да изгледа паметно

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп, предизвика лавина од критики откако на Твитер индиректно го навреди еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс.

Трамп реагираше на интервјуто на Џејмс дадено за Си-Ен-Ен во кое наведе дека претседателот го злоупотребува спортот за поделби меѓу луѓето.

– Леброн Џејмс беше интервјуиран од страна на најглупавиот човек на телевизијата, Дон Лемон. Тој направи Леброн да изгледа паметно, што воошто не е лесно, напиша Трамп на Твитер.

Кошаркарот е познат по честите критики кон претседателот и неговата политика, а во септември 2017 година тој го нарече Трамп „губитник“ откако го откажа приемот на Голден Стејт вориорс, што Белата куќа традиционално го организира за новиот шампион во НБА лигата.

– Доаѓањето во Белата куќа беше чест се додека не се појави ти, тогаш му одговори тогаш Леброн на Трамп преку Твитер.

Претседателот воедно наведе дека ниту еден тим нема да добие покана за прием во Белата куќа, а Џејмс на сето ова одговори дека Трамп се однесува недолично за функцијата која ја извршува.

Американскиот претседател пред извесен период влезе и во конфликт со НФЛ играчите, откако побара да бидат отпуштени бидејќи го навредуваат знамето кога клекнуваат на едно колено или на друг начин одбиваат активно да учествуваат во интонирањето на химната.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он