Според редовната анкета на британскиот тренди магазин „Монокл“ (Monocle) Токио е најдобар град за живеење, следен од Берлин, Виена, Копенхаген и Минхен, додека на списокот нема ниту еден балкански град.
На списокот на најдобри десет градови за живеење во светот се најдоа и Мелбурн, Сиднеј, Кјото, Ванкувер, Хелсинки, Цирих, Мадрид, Хамбург, Лисабон, Дизелдорф, Хонг Конг.
На светската листа за најдобри градови за живеење оваа годна не се најде ниту еден град од Балканот. Од десетте најдобри градови за живеење од списокот на списанието „Монокл“ пет се во Европа, а другите пет во Азија и Пацификот.
Параметрите што се користени во студијата се однесуваат исклучиво на животниот стандард во градовите и мислењето на населението, напоменуваат авторите, и додаваат дека главно станува збор за безбедноста, здравствениот систем, образованието, стапката на криминал, можноста за забава и квалитетот на градскиот превоз.