Тешки обвинувања против контроверзниот рокер Мерилин Менсон – пет жени тврдат дека ги силувал и злоставувал

Од:

Американската рок ѕвезда Мерилин Менсон денеска се соочи со обвинувања од пет жени, меѓу кои и актерката Еван Рејчел Вуд, кои велат дека тој ги злоставувал и ги силувал, а Вуд самата изјави дека со години била изложена на „страотно злоставување“.

Жените кои го обвинуваат 52-годишниот рокер, чие вистинско име е Брајан Хју Ворнер, истовремено на Инстаграм објавија постови со сведоштва за наводното сексуално малтретирање и психофизичка тортура што го трпеле од славниот рокер.

33-годишната актерка, која беше официјално во врска со Менсон неколку години во младоста, напиша дека тој „психички ја манипулирал“ кога имала 20 години, по што уследиле години во кои трпела злоставување.

Останатите жени, кои тврдат дека биле во врска со пејачот, навеле дека тој е „уметник за манипулација, вознемирување, злоставување и закани“. Според нивните искази, тие биле подложени на психофизичка тортура, биле заклучувани во мали простории, а Менсон ги терал да прават наразлични бизарни работи, како „крвни пактови“ со рацете исечени од скршена винска чаша.

Менсон има продадено повеќе од 50 милиони албуми ширум светот и е познат по својот необичен имиџ кој вклучува дебели слоеви шминка и контактни леќи во различни бои. Неговото уметничко име е комбинација од личното име на Мерилин Монро и водачот на култ и сериски убиец Чарлс Менсон, кои според рокерот се двете најголеми икони на 20 век.

По обвинувањата, издавачката куќа на Менсон соопшти дека му го раскинува договорот, а тој самиот досега не ги коментираше наводите на петте жени.

Би можело да ве интересира

Уште една инфлуенсерка го обвини раперот за сексуално злоставување

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

81-годишник сексуално злоставувал дете, се бара притвор

Една година сексуално злоставувала близнаци-и се закануваат многу години затвор

Предраг Петровиќ

Тренчевска: Годинава три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација

Ана Ололовска