Една година сексуално злоставувала близнаци-и се закануваат многу години затвор

Од:

Мајка од Вирџинија е обвинета за силување и злоставување на две момчиња близнаци во случај што ја запрепасти Америка.

Ешли Вотс (37) е уапсена и обвинета откако малтретирала близнаци во нејзиниот дом, другари на нејзиниот син. Хоророт траел повеќе од една година, пишува „Њујорк пост“.

Полицијата тропнала на нејзината врата во Чесапик, а Ешли викала дека „мора да стави градник да ги извади кучињата надвор“. Потоа ги пуштила полицајците во куќата, а при претресот откриле дека се обидела да сокрие едно од 15-годишните момчиња. Првото момче било пронајдено во отворот на нејзиниот кревет, под душекот, облечено само во боксерки.

Полицајците го прашале дали е исчезнатото момче, што тој потврдил.

Момчињата, чии имиња не се објавени, живееле на другата страна од куќата на Ешли и биле пријатели на нејзиниот син. Злоупотребата траела повеќе од една година, а Ешли за првпат се нашла „на радарот“ на полицијата на почетокот на оваа година, кога анонимно лице пријавило дека имала сексуална врска со двете момчиња. Во февруари, нејзиниот сопруг дошол дома во два часот по полноќ и ја нашол сопругата топлес на каучот покрај едно од момчињата, кое се преправало дека спие.

Момчињата им кажале на своите родители дека ќе се дружат со синот на Вотс, но тие всушност оделе кај неа за да ги злоставува. Кога ова било откриено, еден од нив побегнал од дома и бил пријавен за исчезнат.

Вотс, која има петнаесетгодишен син и помала ќерка, сега се соочува со 30 години затвор доколку биде прогласена за виновна.

Би можело да ве интересира

Уште една инфлуенсерка го обвини раперот за сексуално злоставување

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

81-годишник сексуално злоставувал дете, се бара притвор

Тренчевска: Годинава три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација

Ана Ололовска

Свештеникот Милан Шпехар призна дека сексуално злоставувал 13 момчиња на возраст од шест до 13 години