Течноста за уста значително го намалува ризикот од ширење на Ковид-19

Од:

Миењето со течност за уста значително може да го намали ризикот од зараза со новиот коронавирус, покажуваат резултатите од истражувањето на германските научници од Рурскиот универзитет.

Истражувањето е спроведено од група експерти по молекуларна медицина и вирусологија во Рурскиот универзитет во Бохум, заедно со нивните колеги од Јена, Дуисбург – Есен, Нирнберг и Бремен.

Авторите на студијата потенцираат дека миењето на устата не го убива вирусот, туку само го намалува ризикот од негово ширење.

Резултатите покажуваат дека вирусните честички на Ковид-19 се уништуваат во течноста за плакнење на устата.

Истражувачите проучувале осум видови на вода за уста со различен состав, што се достапни во аптеките во Германија. Вирусни честички биле ставени во секоја од водите, тресејќи ги 30 секунди за да се симулира ефектот на плакнење на устата. Резултатите покажаа дека сите видови на течност за миење на устата го намалуваат присуството на вирусот до степен да не може да се открие.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски