Таен дел од софтверот за ајфон протече во јавноста

Од:

Таен дел на софтверот на ајфоните протече во јавноста. Тоа може да претставува проблем за „Епл“ затоа што може да им овозможи на хакерите да упаднат во добро чуваниот систем на компанијата.

Во врска со скандалот, од „Епл“ за „Бизнис инсајдер“ рекле дека кодот е стар три години и дека тој не влијае на изворниот код за безбедност. Од компанијата рекле дека има повеќе слоеви на заштита на хардверот и софтверот во нивните производи и дека секогаш ги охрабруваат корисниците да ги ажурираат најновите верзии за да имаат корист од најновите заштити.

Експертите, сепак, наведуваат дека откривањето на тој заштитен дел од софтверот ќе им овозможи на хакерите да пронајдат дупки во безбедносниот систем на ајфоните. Тоа не мора да значи дека корисниците на ајфон веднаш ќе се најдат во ризик, но експертите напоменуваат дека хакерите сега би биле во можност да го анализираат кодот на „Епл“ и подоцна да го искористат за манипулации.

Случајот е откриен кога еден од корисниците на овој паметен телефон го објави безбедносниот код на ајфон на веб-страницата Git Hub на кој корисниците разменуваат разни кодови.

Како што пренесуваат американските медиуми, кодот кој протече во јавноста го открива системот iBoot, кој се активира кога телефонот ќе се вклучи. Се наведува дека хакерите сега ќе имаат можност во телефоните да внесуваат вируси или, пак, алатки за надзор.

Џонатан Кевајн, еден од шефовите во „Епл“, рекол дека ова е најголемо протекување на податоци во историјата на компанијата.

Би можело да ве интересира

На скопскиот Аеродром запленети Ајфони вредни 1,8 милиони денари

„Епл“ претстави нов „Ајфон 13“ и подобрен „Ајпад“

Ана Ололовска

Новиот „Ајфон 13“, веројатно, ќе овозможи сателитски разговори

Ана Ололовска

За да купат „Ајфон“, Македонците треба да работат речиси најдолго од сите Европјани

Жарко Настоски

Новиот Ајфон 12 ќе има и едно „скриено копче“

Ана Ололовска

Епл го претставиот новиот поевтин Ајфон од моделот СE

А1он