За да купат „Ајфон“, Македонците треба да работат речиси најдолго од сите Европјани

Од:

Цели 76 дена треба да работи македонски работник со просечна плата за да го купи најновиот модел на „Ајфон“, покажува „Ајфон индексот“ на компанијата „Веривокс“, која пресметува колку труд им е потребен на жителите на секоја земја во Европа, за да стигнат до популарниот гаџет според цената во нивната земја.

Пресметката на индексот е едноставна, а резултатите се изненадувачки. Цената на „Ајфон 12“ се споредува со бруто националниот доход. На потрошувачите во Германија им се потребни околу осум работни дена за да го заработат актуелниот „Ајфон“ со 64 гигабајти меморија.

Први на листата се граѓаните на Лихтенштајн, кои заработуваат по еден „Ајфон“ на секои три работни дена. Последна на листата е Молдавија, каде луѓето во просек треба да работат 85 дена за да купат нов „Ајфон“, пренесува „Дојче веле“.

Она што изненадува, според германските медиуми, е тоа што „Ајфонот“ во некои сиромашни земји е поскап отколку во државите со висок стандард.

„Додека во Германија „Ајфон“ чини 876 евра, неговата цена во Северна Македонија е 1.061 евро. Без оглед на тоа што таа бивша југословенска република има една од најслабите економии и што мора да се бори со слаба инфраструктура и голема невработеност. Жител на таа земја кој по секоја цена сака да има „Ајфон“ во просек мора да работи 76 дена за да го купи, нешто помалку од жител на Молдавија. Паметниот телефон на „Епл“ е доста скап и во Грција, Шведска или Унгарија, каде чини преку 950 евра,“ пишува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Според „Веривокс“, компанијата што го прави истражувањето, цените на „Ајфоните“ се различни во различни земји, главно поради даноците и царините.

Би можело да ве интересира

Галуп Интернешенел: Само петтина од Македонците очекуваат 2024 да биде подобра од 2023 година

Орце Костов

Секој четврти Европеец смета дека неговата финансиска состојба е „несигурна“

А1он

„Епл“ претстави нов „Ајфон 13“ и подобрен „Ајпад“

Ана Ололовска

Новиот „Ајфон 13“, веројатно, ќе овозможи сателитски разговори

Ана Ололовска

Истражување: Повеќе од 18.000 малолетни деца-бегалци исчезнале во Европа во последните три години

Новиот Ајфон 12 ќе има и едно „скриено копче“

Ана Ололовска