СЗО предложи намалување на конзумирањето шеќер

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) неодамна предложи намалување на препорачаното количество на шеќер, кој се внесува преку храната и пијалокот.

Новата препорака е шеќерот да биде извор на пет отсто енергија во однос на досегашните 10 отсто, што одговара на количество од околу 25 грама шеќер дневно за жените и околу 35 грама за мажите, пишува списанието „Бритиш Медикал Џурнал“.

Откако ги проучиле здравствените последици и финансиските трошоци од уништувањето на забите, научниците од Универзитетот Лондон и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, тврдат дека е потребно дополнително да се намали вредноста на максимално препорачаната дневна доза на шеќер. 

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО