СЗО: Месните преработки предизвикуваат рак

Од:

Светската здравствена организација соопшти денеска дека месните преработки, како што се сланината, шунката и колбасите, може да бидат причина за појава на рак.

Во заклучоците на извештај се поддржуваат „препораки за ограничено внесување месо“.

Извештајот го направиле 22 експерти од десет држави.

Според СЗО, месото се обработува на начин на кој му се продолжува рокот на траење или вкусот, со стврднување, додавање сол или конзерванси. Тие додатоци го зголемуваат ризикот од канцер додека високата термална обработка како што е – скара, може исто така да создаде канцерогени хемисти материи.

Во извештајот на Меѓународната агенција за истражување на кацнерот (IARC) во СЗО, со седиште во Лион, се вели дека и црвеното месо во целина е „најверојатно кацерогено“ иако за тоа постојат ограничени докази.

Наведено е дека само 50 грама месни преработки дневно – што е помалку од две парчиња сланина, го зголемува ризокот за развој на карцином на дебелото црево за 18 отсто.

Сепак, СЗО смета дека месото може да биде и корисно за здравјето и оти тие заклучоци може да им помогнат на државите при давањето урамнотежени совети за исхрана.

– Таа одлука не значи дека треба да престанете да јадете месо и преработки, но ако многу конзумирате можеби би требало да размислите за редицирање, вели Тим Кеј, професор од британската Агенција за истражување на канцерот, и додава дека здравата храна подразбира умереност.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа