Светскиот ден на јогата одбележан ширум Индија

Од:

Во Кашмир војници го виткаат грбот во поза на мост, на зелените површини во Бомбај пензионери медитираат или се тегнат, а индискиот премиер Нарендра Моди покажа денеска пред публика јога вежби по повод првиот Меѓународен ден на јогата.

– Јогата е нешто повеќе од физичка активност. Денеска не го одбележуваме само нејзиниот ден. Го тренираме човековиот дух за да навлеземе во нова, мирна епоха, изјави Моди и премина од зборови на дела прикажувајќи јога вежби.

Во напорите да го зајакне местото на јогата како централен дел на индиската култура, премиерот ја презеде водечката улога на денешната церемонија, на која присуствуваа над 35.000 лица – службеници, студенти, војници и други љубители на „камила“ или „кобра“.

По повод првиот Меѓународен ден на јогата, улиците на Њу Делхи се претворија во мозаик од шарени киличиња за 35-минутниот час на отворено, со амбиција да се постави рекорд за Гинис.

Часот заврши со сеанса на медитација и молитва за мир.

Меѓународниот ден на јогата е прогласен на предлог на Моди во ноември минатата година со усвојување на резолуција на Обединетите нации, потпишана од 177 земји.

Околу 200 држави во светот, меѓу кои и Македонија, ќе го одбележат Денот на јогата со групно вежбање на оваа древна вештина, постара од 5.000 години.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка