Супстанци што предизвикуаат рак на дојка

Од:

Американски научници изработија попис хемикалии кои жените би требале да ги избегнуваат за да се обидат да се заштитат од рак на дојка, а меѓу останатите на пописот се бензиски испарувања и разни растворувачи.

Студијата содржи попис од 17 главни супстанци кои можат да предизвикаат рак на дојка кај животните, а на кои голем број жени секојдневно се изложени.

Научниците велат дека треба пред се да се избегнува колку што е можно изложување на испарувања на бензин и дизел, како и вдишување автомобилски гасови.

Треба да се намали конзумацијата на карбонизирана храна, како скарата.

Не треба да се купува мебел кој има полиуретанска пена, како ниту оној што е водоотпорен.

Треба исто така да се избегнуваат теписи и други ткаенини отпорни на дамки.

Потребно е да се пронајде хемиско чистење кое не користи перклороетилен ниту други растворувачи, и да се намали изложеноста на хемиски супстанци кои се наоѓаат во прашината, оставајќи ги чевлите на влезот, и да се користат правосмукалки кои имаат ХЕПА филтри за микрочестички.

– Ова истражување дава насоки за превенција од рак на дојка, идентификувајќи ги хемиските производи на кои жените често се изложени и покажува исто така како да се мери таа изложеност, вели Рутан Рудел, директорка за истражување во институтот Сајлент Спринг во Њутон, Масачусетс, една од авторките на истражувањето.

– Сите жени во САД се изложени на хемиски супстанци кои кај нив можат да го зголемат ризикот од рак на дојка, но за жал таа врска често се игнорира, рече Џулиа Бродеј, генерален директор на Сајлент Спринг, исто така една од авторките на студијата.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска