Студија покажа дека доењето нема долгорочно влијание на развојот и однесувањето на детето

Од:

Познато е дека доењето е значајно за новороденчињата, но нова студија покажува дека доењето нема долгорочно влијание на децата, посебно кога станува збор за когнитивниот развој и однесувањето.

Студијата објавена во списанието „Педијатрикс“ следела 7.478 деца родени во термин од деветиот месец од животот. Проценката е извршена кога децата наполниле три, а потоа пет години.

За да ја извршат проценката за конгитивните способности и однесувањето, истражувачите ги замолиле родителите на тригодишните дечиња да пополнат прашалници за вокабуларот на децата и способностите за решавање на проблеми. По две години подоцна, биле повторени истите прашања.

Истражувачите заклучиле дека деца кои се доени шест или повеќе месеци се помалку хиперактивни и имаат подобри вештини во решавањето на проблеми на возраст од три години, но разликата меѓу нив и децата кои не биле или пократко се доени биле занемарливи на возраст од пет години.

Поранешните студии покажале дека мали се и разликите во општествено-економските фактори, како што се образованието и приходите.

Експертите истакнуваат дека факт е дека деца кои се доени имаат подобри резултати, но прашање е дали на нив влијаело млекото или растењето со родителит кои биле подобро образовани или имаат повеќе пари.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска