Стриминг во живо од слетувањето на сондата „InSight“ на Марс

Од:

Скопското астрономско друштво вечер во кафе „Ли“ организира следење во живо на слетувањето на сондата „InSight“ на површината на Марс.

Сондата „InSight“ седум месеци „патуваше“ по интерпланетарното пространство, а треба да слета вечер во 21 часот по средноевропско време. Се проценува дека нејзиното пробивање низ 128 километри дебелата атмосфера на Марс ќе трае шест минути.

Како што информира Скопското астрономско друштво на својата фејсбук страница, преносот во живо ќе го врши Лабораторијата за млазен погон (Jet Propulsion Laboratory – JPL) во Пасадена, Калифорнија.

Дружењето во кафе „Ли“ ќе почне порано, во 20 часот, со кратка презентација за мисијата на „InSight“.

InSight (Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport) е истражувачка мисија чија цел е да направи целосен систематски преглед на Марс со помош на сеизмолошки, топлински и радио инструменти и да ги испита, соодветно, кората, внатрешната обвивка и јадрото на планетата.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Делчевските пензионери маршираа низ градските улици барајќи линеарно покачување на пензиите

(ВИДЕО) Преживување на „Марс“ во скафандер од 25кг и со „храна во прав“: Интервју со Мартина Димоска, прв аналоген астронаут од Македонија

Орце Костов