Сите информации, кои бебето ги добива уште во стомакот, ги користи за да се подготви за надворешниот свет. Бебето ги прислушкува емоциите на мајката и тука е почетокот на емоционалната врска на мајката и бебето, многу пред раѓањето на детето. Би можело да се кажее дека постелката има улог на најмодерен комуникациски апарат.
Кога се чувствува некаков вид на непријатност, срцето брзо чука, адреналинот расте, а телото почнува со производство на кортизол, хормон на стрес кој доаѓа и до постелката. Токму тоа е причината поради која бремените жени би требало да избегнуваат стресот во текот на целата бременост. Хроничниот стрес во бременоста може да доведе и до здравствени проблеми како што се предвремено породување и висок крвен притисок.
Последиците од стресот се забележуват кај децата: бебиња кои во текот на бременоста биле изложени со константен стрес, повеќе плачат и многу малку спијат. Од друга страна, кога мајката е среќна, среќно е и бебето. Кога чувствува љубов, чувствува и бебето. Благодарение на процесот на размена на различни емоции, бебето уште во стомакот го почнува емоционалниот развој.
Постои ли подобра причина за избегнување стрес во бременоста? Намалете го со многу смеење. Знаете ли дека смеењето дури и на сила ви помага да се чувствувате подобро? И што е најважно – дејствува моментално.
Медитација, доволно движење и длабоко дишење исто така се одлични во борба против стресот и лошата енергија. Освен тоа, ако уморот е присутен во текот на денот, петнаесет минути легнете и сосема малку сон доволно е делумно да се намали количнината на насобраниот стрес.