Принцезата Шарлин, сопругата на принцот Алберт од Монако, одлучи да го смени имиџот. Поточно, фризурата.
42-годишната принцеза е втора сопруга на владетелот на Монако и поранешна олимписка репрезентативка на Јужноафриканската Република во пливање.
Деновиве, кралскиот пар е забележан на настан каде се делеле божиќни пакетчиња, а и покрај тоа принцезата се обидела да ја сокрие новата фризура со капа, било видливо дека таа се решила на храбар чекор и избричила еден дел од главата.
Принцезата Шарлин, која со принцот Алберт има близнаци: принцезата Габриела и принцот-престолонаследник Жак, сега изгледа како вистинска рок ѕвезда.
– Таа носеше беретка со која ја криеше својата фризура, но кога се приближив, можев да видам дека е избричен еден дел од главата – изјави извор за списанието „Пипл“.