Принцезата Шарлин се врати во Монако, но нејзиното заздравување сѐ уште трае

Од:

Принцезата Шарлин од Монако нема да учествува на јавни настани, вклучително и прославата на националниот празник на кнежевството оваа недела, додека закрепнува од здравствените проблеми, објави кралската палата. Принцезата ќе ги продолжи своите работни кралски ангажмани кога ќе ѝ се подобри здравјето.

dobivaj vesti na viber

„Нивното Височество одлучи дека е потребен период на мир за принцезата Шарлин да заздрави најдобро“, соопшти палатата.

Шарлин, која се омажи за принцот Алберт во 2011 година, се врати во Монако минатата недела, по неколку месеци минати во нејзината родна Јужна Африка. Ова покрена гласини за раздор во кралското семејство, но палатата го негираше тоа.

Принцезата во септември беше примена в болница во Јужна Африка на лекување на инфекција на „уво-нос-грло“, што довело до нејзината тешка состојба. Националниот празник на Монако е на 19 ноември.

Би можело да ве интересира

Белгиецот Клеман седна на клупата на Монако

А1он

Принцезата Шарлин од Монако закрепнува надвор од кнежевството

Ана Ололовска

Принцезата Шарлин со месеци не е во Монако

Ана Ололовска

Четиригодишно дете со Бентли прегази пешак во Монако

Албер Втори го подигна општествениот статус на својата најмалата внука, Ками Готлиб

Ана Ололовска

Сопругата на принцот Алберт има нова фризура: Принцезата Шарлин избричи дел од главата

Ана Ололовска