„Сони“ претстави нов смартфон наменет за помладите генерации под името Експирија М.
Станува збор за смартфон со 4 инчен екран осетлив на допир и дуал кор С4 процесор од 1 гигахерц и 1 гигабајт РАМ меморија, се наведува во сопштението.
Експирија М располага со 4 Гигабајти простор за чување информации што може со помош на миркоСД картичка да се зголеми на 64 ГБ.
Камерта на задниот дел има 5 мегапиксели и Ексмор РС сензор заедно со блиц светло. На предниот дел има ВГА камера.
– Ги советуваме корисниците што првпат влегуваат во светот на Експирија мобилните телефони да размислат за моделот М или М дуал СИМ, изјави Калум Мекдугал, директорот на Експирија маркетинг на Сони Мобајл.
Дуал СИМ верзијата на Експирија М овозможува на корисниците да изберат една од СИМ картичките пред воспоставување повики или испраќање порака со само еден клик.
Експрија М на пазарот би требало да се појави во третиот квартал на 2013 година.