„Сончогледите“ на Ван Гог повеќе нема да го напуштаат Амстердам

Од:

Сликата „Сончогледи“, стара 130 години, која е едно од најпознатите дела на Винсент ван Гог, поради опасност од оштетување повеќе нема да оди на светски изложби и во иднина ќе остане Амстердам. Ваква одлука донесоа експертите, по шестнеделната мини реставрација на сликата, насликана од холандскиот мајстор во јужна Франција во 1889.

„Основата и слоевите на боите се стабилни, но се чувствителни на вибрации и промени на влажноста и температурата во воздухот. Затоа е исклучително важно за сликата да се поместува што е можно помалку и да биде поставена во стабилна средина“, изјави директорот на Музејот Ван Гог, Аксел Ругер.

За време на реставрацијата, експертите откриле точно кои материјали ги користел Ван Гог. Тие се повеќе се уверени дека Ван Гог го насликал делото во јануари 1889, на првична верзија на „Сончогледи“ која била нацртана летото 1888, а која денес е изложена во Националната галерија во Лондон. Сликата „Сончогледите“ ќе биде повторно изложена во музеј на 22 февруари, но под послабо осветлување.

Би можело да ве интересира

Активисти фрлија супа од грашок врз сликата на Винсент ван Гог „Сејачот“

(ВИДЕО) Скандал во Националната галерија: Фрлена супа од домати врз ремек дело на Ван Гог вредно над 72,5 милиони фунти

А1он

Слика на Ван Гог продадена за речиси 36 милиони долари

Катерина Ѓуровски

Истражување: Ван Гог имал делириум тременс

Ана Ололовска

Слика на Ван Гог украдена од музеј во Амстердам

А1он

Во Париз се продава револверот со кој се уби Ван Гог

Ана Ололовска