Слика на Ван Гог продадена за речиси 36 милиони долари

Од:

Слика на Винсент ван Гог (1853-1890), украдена од нацистите за време на окупацијата на Франција, е продадена во Кристис во Њујорк за 35,9 милиони долари, се наведува на веб-страницата на аукциската куќа.

Сликата на Ван Гог „Meules de blé“ (Купишта пченица) од 1888 година е продадена за рекордни 36 милиони долари – речиси 6 милиони долари повеќе од максималната очекувана продажна цена.

.Акварелот со тема жетва, прикажува жени кои работат на нивите во Арл, Франција, пишува Си-Ен-Ен. Ван Гог сликал акварел во 1888 година, кога се повлекол во село во Франција поради лоша здравствена состојба.

Според каталогот на аукциската куќа Кристи, сликата првично му припаѓала на братот на Ван Гог, Тео, а подоцна добила нов сопственик, еврејски индустријалец, Макс Меировски, кој ја купил сликата во 1913 година.

Би можело да ве интересира

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска

Буре вино на аукција во Франција продадено за 800.000 евра

Ана Ололовска

Редок примерок од Уставот на САД продаден за над 40 милиони долари

Ана Ололовска

„Поршето“ од „Лоши момци“ оди на наддавање

Ана Ололовска

„Вила Аурора“ оди на наддавање со почетна цена од 471 милион евра

Ана Ололовска

Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари

Ана Ололовска