Во Париз се продава револверот со кој се уби Ван Гог

Револвер од марката „Лефошо“, со кој холандскиот сликар Винсент Ван Гог сакаше да изврши самоубиство на 27 јули 1890 година во француското место Овер – сир – Оаз, во среда ќе биде на аукциска продажба во Париз.

Аукциската куќа Оксион Арт ќе го понуди револверот, кој се проценува од 40.000 до 60.000 евра.

Ван Гог по две години поминати на југот од Франција, на 20 мај 1890 година се пресели во Овер-сир-Оаз, северно од Париз, по совет на својот брат Тео.

Лекарот Пол Гаше, пријател на импресионистичките сликари, се грижеше за холандскиот уметник кој тогаш имаше чести психолошки кризи.

Сликарот изнајми соба во гостилницата Артура Рава. Тогаш беше на врвот на својата кариера, сликајќи едно дело дневно.

Ван Гог на 28 јули 1890 година излегол на прошетка по околната ливада и се обидел да се убие со револвер што го земал од гостилницата. Меѓутоа, револверот му се лизнал од рака и тој паднал во несвест. Се разбудил вечерта и така ранет тргнал кон гостилницата. Ван Гог почина по два дена.

Оружјето во 1960 година го најде еден земјоделец на имотот и го предаде на сегашните сопственици на гостилницата Рава.

Револверот, кој е многу оштетен, беше закачен над пултот и потоа изложен во музејот посветен на Ванг Гог во 2016 година во Амстердам. Според анализите на стручњаците, оружјето долго време било во земја и се претпоставува дека било фрлено во 1890 година.

Американските научници, пак, во 2011 година бранеа друга теза, според која Ван Гог не се убил, туку бил ранет при случајно пукање на некои млади луѓе кои си играле со оружје.

Ван Гог (1853-1890), кој почина на 37 години, е еден од најголемите сликари на постимпресионизмот и еден од најценетите сликари воопшто.

Би можело да ве интересира

Древна биста на Тутанкамон во „Кристи“ продадена за 4,7 милиони фунти

Ана Ололовска

Дресот на бејзбол легендата Бејб Рут продаден за 5,6 милиони долари

Ана Ололовска

Скулптура на Џеф Кунс продадена за 91 милион долари

Ана Ололовска

Шише за бренди од Титаник проидадено на аукција за речиси 88.000 евра

Ана Ололовска

Љубовни писма на Наполеон продадени за половина милион евра

Ана Ололовска

Омиленото пијано на Џон Ленон на аукција

Ана Ололовска