Собрани 232.310 денари за поддршка на лицата со ХИВ во Македонија

Од:

Во рамки на годинашната кампања на Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ собрани се 232.310 денари за поддршка на лицата со ХИВ во Македонија и за активностите на здружението.

Најголем дел од средствата или 127.900 денари, како што информираат од здружението, се собрани од аукцијата на уметнички дела, што се одржа на 1 декември – Светскиот ден на СИДА. Од директни донации од индивидуални поддржувачи, граѓани и фирми собрани се 78.000 денари и од добротворен прилог 26.410 денари.

Македонските уметници Симон Калајџиев, Иван Петрушевски – Флим, Нина Симовска, Мима Пејоска, Велимир Жерновски, Дороти Пачкова, Марјан Арсовски, Јадранка Митева Милчовска, Петар Петков и Снежана Ѓоргиевска донираа сопствени уметнички дела на аукцијата.

– Чест ми е што можам да учествувам во овој настан за убава цел и да помогнам на начин на кој можам јас како уметник. Луѓето помагаат на различни начини – некој со средства, некој со слика, а некој со своето присуство, изјави Симон Калајџиев, еден од авторите кои донираа свое дело за аукцијата.

„Заедно посилни“ ги користи собраните средства за помош на лица со ХИВ кои живеат во неповолни социјални услови во насока на олеснување на пристапот до терапија и лекување, доделување скромна помош во прехранбени и хигиенски производи, како и покривање итни здравствени потреби за лицата со ХИВ. Дел од средствата Здружението ќе пренасочи за одржување на активностите за психосоцијална поддршка, застапување и подигнување на јавната свесност.

Годинашната кампања беше овозможена со средства од УНФПА и Меѓународната федерација за планирано родителство, а ја поддржаа претседателот Ѓорге Иванов, Министерството за здравство, амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Ваутер Пломп и постојаниот координатор на Обединетите нации во Македонија Луиза Винтон.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска