Со фудбал против хипертензија

Од:

Играњето фудбал во најновата студија се покажало ефикасно во намалување на крвниот притисок, тврдат британски научници од Универзитетот Ексетер.

Во нивното истражување учествувале 22 мажи на возраст од 31 до 54 години, а резултатите ги објави стручното списание „Medicine and Science in Sports and Exercise“.

Сите испитаници имале блага до умерена хипертензија пред да почнат рекреативно да играат фудбал два пати неделно во траење од по еден час.

По шест месеци кај учесниците во истражувањето е забележано значајно намалување на крвниот притисок, а кај три четвртини од испитаниците висината на крвниот притисок била во препорачаните граници.

Со намалување на масното ткиво во организмот, кај испитаниците дошло и до подобрување на функцијата на белите дробови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен најдобриот голфер на светот

Предраг Петровиќ

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Ана Ололовска