Смартфон со три СИМ картички и Андроид

Од:

Смартфоните со две СИМ картички се покажаа како практични за голем број корисници, а сега на пазарот се појавија и првите паметни телефони со три СИМ картички.


Кинескиот ГооФон Х1+ и јужнокорејскиот Ел-Џи Оптимус Л4 II се првите смартфони во светот што работат со три СИМ картички. Двата уреди користат Андроид оперативен систем.


ГооФон Х1+ има екран од 12,7 сантиметри, резолуција 854х480 пиксели, 1 гигабајти РАМ меморија, 1,2 гигахерци дуал кор МТК процесор и две камери, на задниот дел со 5 мегапиксели и на предниот со 2 мегапиксели.


Уредот доаѓа со Андроид 4.1 оперативен систем, а се очекува да чини 150 долари.


Ел-Џи Оптимус Л4 II, кој моментално може да се купи во Бразил, исто така, користи Андроид оперативен систем. Во однос на кинескиот конкурент се разликува по некои технички карактеристики, како што е екран ХВГА од 9,65 сантимери, резолуција 480х320 пиксели и нешто послаб процесор од 1 гигахерц.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ