Откако ќе активирате Блек Скрин оф Лајф и одите на ЈуТјуб или некоја друга апликација, слободно може да го активирате сензорот за близина и вашиот екран ќе се исклучи. Многумина од нас музика слушаат преку ЈуТјуб на кој навистина се наоѓа се, но минусот на ЈуТјуб апликацијата е што екранот останува вклучен, затоа што се разбира апликацијата очекува да го гледате видеото. Но, со тоа безмилосно ја троши батеријата.
Ако го заклучите телефонот и видеото се паузира, а за да се справите со тоа можете да ја испробате апликацијата Блек Скрин оф Лајф. Не е најдобро дизајнирана, но искрено, тоа и не и е намената.
Се што треба да направите е да ја инсталирате и активирате. Откако ќе ја пуштите вашата плејлиста на ЈуТјуб, телефонот може да го вклучите и да го блокирате сензорот за близина (обично се наоѓа блиску до звучникот на врвот на телефонот). Апликацијата ќе го исклучи екранот, а вашата музика и понатаму ќе свири.