Словенечки лингвисти работат на „корона-речник”

Од:

Словенечки лингвисти веќе работат на мал „корона-речник”, за да „се поправат“ англизмите и другите туѓи зборови кои се вметнуваат во јазикот за време на пандемијата на Ковид-19, социјалната оддалеченост, физичкото растојание и самоизолацијата.

– Не седиме со скрстени раце деновиве, и имаме многу работа со новите зборови што продираат во словенечкиот јазик заедно со смртоносниот вирус, вели д-р Козма Ахачич – директор на Институтот за словенечки јазик за весникот „Словенске новице”.

Притоа, јазичарите бараат и помош од граѓаните, кои можат да им испраќаат свои предлози преку академската платформа „Фран“.

Така, од позанимливите предлози, стручњаците ги издвојуваат „коронски вирус“ како алтернативен поим за коронавирусот и „коронавреме” како замена за „корона-епидемија“. Натаму – англискиот сленг „коронаидиот“ би се превел како „коронабедак” (што на македонски би се превело како „корона-глупак“), а оние коишто, напротив, ги почитуваат прописите за физичко растојание, би се нарекле „коронајунаци”.

– Други предложени сложенки со зборот „корона“, се: короназакон, коронапаника, коронапакет, противкоронски мерки и слични изрази, вели д-р Ахачич.

На интернет-страницата на Институтот веќе се објавени неколку статии и научни трудови на оваа тема.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски