Скопска ЗОО: „Бабичката“ Дуња и „внуката“ Даела ќе имаат поудобно и побезбедно живеалиште

Од:

Во скопската зоолошка градина во тек се градежни зафати кои треба да го прилагодат животниот простор за двете популарни скопски слоници.

„Дуња и Даела се со големи разлики во возраста, па младата Даела понекогаш е премногу палава за „бабичката“ Дуња. Тоа му доаѓа како познатиот „генерциски јаз“ кај луѓето, само што тој кај слоновите различно се манифестира – замислете вашата внука да има 4 тони.

Во таквите периоди многу е важно двете слоници привремено да уживаат во прошетките одвоени една од друга. Токму тоа е главната причина поради која во текот на есента и зимата ќе се работи на градежни зафати кои вклучуваат и големи потпорни ѕидови, за кои сите материјали, во вредност од скоро половина милион денари, ги обезбеди еден од пријателите на скопската ЗОО, Цементарница УСЈЕ“, велат од скопската зоолошка.

„Сите се надеваат дека уредувањето на прилагодениот надворешен простор ќе биде финализиран до следната пролет. Сепак, посетителите на скопската ЗОО и во овој период ќе може да уживаат во редовните прошетки на популарните Дуња и Даела во другиот дел од нивниот двор, мамејќи ги љубопитните погледи и радувајќи ги особено најмладите“, информираат од скопската зоолошка.

Би можело да ве интересира

Жирафата Флопи починала како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови

Се чекаат резултатите од обдукцијата за причината на смртта на жирафата Флопи

Катерина Ѓуровски

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

Credissimo со донација за ЗОО Скопје, обновени информативните таблички за животните

Новиот директор на ЗОО тврди: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа