Сивус во борба со светски најпознатите компании за игри

Од:

Игрите за мобилна платформа на компанијата Сивус влегоа во финалето на светскиот натпревар за најдобри апликации за iOS платформата: BestAppEver.

Апликациите на Сивус се борат во директна конкуренција со светски најпознатите компании за игри: Zynga, Big Fish, Playtika и Electronic arts.

Во конкуренција од 70 илјади апликации, две игри на Сивус успеаја да влезат меѓу десетте најдобри социјални игри, во категоријата за најдобри игри со коцки и во категоријата за најдобри казино игри.

Yatzy Ultimate е номинирана како една од најдобрите десет игри со коцки на светско ниво, и ја играат повеќе од 1.200.000 играчи во целиот свет, а најомилена е меѓу играчите од Скандинавија и Америка. Достапна е за речиси сите уреди на пазарот, во платена и бесплатна верзија: iOS, Windows 8 и Windows phone.

Black Jack Ultimate, пак, е играта која е номинирана за една од најдобрите десет казино игри во светот. Ова е игра која ја играат милиони играчи од цел свет, а најголем број се од Америка. Достапна е бесплатно за iOS уредите.

Гласањето е на следните линкови и споделете со вашите пријатели: Најдобри игри со коцки: http://bestappever.com/v/dcgm – Yatzy Ultimate Најдобрите казино игри: http://bestappever.com/v/csgm – Black Jack Ultimate.

Гласањето е отворено само уште два дена, до 31-ви јануари, 2013 година.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ