17-годишната актерка Мeдисон Де Ла Гарза гледачите ја запознаа пред десетина години кога ја глумеше младата бунтовничка во серијата „Очајни домаќинки“.
Денеска таа, судејќи по фотографиите на социјалните мрежи израснала во вистинска убавица.
Во серијата престана да глуми во 2012-та година, но и денеска сите ја памтат како Хуанита Солис, ќерка на Габриела, која ја глумеше Ева Лонгорија.
Помалу познат податок е тоа дека Медисон нејзината полусестра е пејачката Деми Ловато.
– Мислам дека кога кажуваат луѓето дека би сакале да ја имаат Деми Ловато за сестра, не разбираат како е да се биде во роднински врски со некој што е константно на турнеја. Сепак таа секогаш наоѓа време за мене. Кога е дома имаме однос како и сите сестри, рече Медисон.