Симпатично писмо на мало девојче го освои интернетот

Од:

 Кога од националниот парк каде беше на програмата за обука за млади ренџери, зела со себе две дрвени стапчиња, малата Еви чуствувала вина и ги вратила со писмо на извинување.

Девојчето Еви од куќата на националниот парк Јосемити зела две стапчиња. Имала грижа на совест, па напишала писмо со извинување и стапчињата кои не смеела да ги земе ги испратила назад.

pismo-devojce

Американскиот национален парк Јосемити на  децата од седум до 13 години возраст им нуди посебна програма на обука за да станат млади парк ренџери. Низ обуката успешно помина и малата Еви чие писмо до управата на националниот парк откако еден од вистинските ренџери го објави на Reddit, стана вирално.

– Драги ренџери, јас сум млада ренџерка и неодамна го посетив Јосемити. Случајно дома понесов две стапчиња. Знам дека од паркот не би смеела ништо да земам, затоа стапчињата ви ги враќам назад. Ве молам да ги вратите во природата. Ви благодарам, Еви, стои во писмото на девојчето со кое се приложени двете парчиња дрва.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он